Милан купува фудбалер на Партизан, трансферот е договорен!

by riste
1 минути читање

Милан од поодамна се интересираше за 19-годишниот Костиќ кој беше следен од повеќе големи клубови.

Росонерите беа најконкретни и стигнаа до потписот на црногорскиот фудбалер.

„Андреј е во Милано, утре ќе има медицинските прегледи и ако се биде во ред треба да потпише договор и да заигра за Милан футуро“, вели „СпортКлуб“ извор близок до трансферот.

Костиќ ќе стане играч на Милан, но најпрво ќе биде пратен во Милан футуро, младинскиот тим кој настапува во Серија Д.

Партизан од овој трансфер ќе заработи 3,5 милиони евра. Црно-белите минатото лето го купија Костиќ за 900.000 евра од Будуќност.

Тој на одиграни 34 меча за Партизан постигна 11 голови, а собра и два сениорски настапи за Црна Гора.

Костиќ е централен напаѓач кој може да игра и на левата офанзивна страна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×