197
Актуелниот договор на Донарума со Милан истекува следното лето. Клубот му понуди нов пет годишен договор со годишна плата од околу 5 милиони евра.
Проблем е неговиот агент Мино Рајола кој со нереални клаузули сака да изнуди колку што е можно повеќе пари и се заканува дека ќе го продаде голманот на некои од другите гиганти.
Милан чека одговор, но паралелно крои планови за замена на Донарума доколку голманот одлучи да не потпише нов договор.
Според „Газета дело Спорт“, Пепе Реина од Наполи е главната цел на Милан за замена на Донарума.
Се пишуваше дека Милан контактирале и со Војчех Шчесни, но тој ќе се пресели во Јувентус.