10. коло во
Серија А помина во знакот на фаворитите, по вчерашната победа на Интер, вечерва
три бода освоија и Јувентус, Милан, Наполи, Рома и Лацио.
Милан против
Киево стави крај на серијата лоши резултати. Сусо го отвори резултатот во 36.
минута, а до крајот на полувремето, домаќините си постигнаа автогол за 0-2.
Чалханоглу на
стартот од вториот дел погоди за 0-3, Бирса само постигна почесен гол по еден
час игра за Калиниќ во 65. минута да ги постави конечните 1-4.
Ист беше
резултатот и на средбата помеѓу Јувентус и СПАЛ. Бернардески со мајсторски
полуволеј од место ја почна гол серијата, а потоа Дибала од слободен удар биеше
маестрално за 2-0.
Палоски во 34.
минута намали на 2-1 и навести дека гостите нема толку лесно да се предадат, но
во второто полувреме Игуаин и Квадрадо само покажаа дека трите бода остануваат
во Торино.
Наполи предводен
од Мертенс, кој забележа хет-трик, славеше со 2-3 на гостувањето кај Џенова,
Рома со голот на Пероти од пенал триумфираше над Кротоне, а Лацио со 1-2 победи
на незгодното гостување кај Болоња.
Фиорентина со 3-0
го совлада Торино, Удинесе со 0-1 беше подобар од Сасуоло а Каљари во 95.
минута стигна до победа од 2-1 над Беневенто.