Милан конечно доби нови газди, заврши ерата на Берлускони

by
1 минути читање

Конзорциум предводен од кинескиот бизнисмен Јонгонг Ли подолго време се обидуваше да го купи Милан, но продажбата имаше серија одложување.

Сино Јуроп Спортс стана Росоњери Спорт Луксембург и доби и американска донација со која конечно ги исполнија барањата на Берлускони и зделката е завршена.

„Фининвест денеска ја финализираше продажбата на Росоњери Спорт Инвестмен Лукс, продаде 99,93% од акциите на Милан“ – стои во соопштението.

Милан е продаден за вкупна вредност од 740 милиони евра, вклучувајќи го и долгот од 220 милиони евра.

Берлускони замина од клубот по 31 година. Навивачите на Милан се надеваат дека кинеските инвеститори ќе ја вложат потребната сума за клубот да се врати онаму каде што припаѓа, на врвот во Серија А и Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани