Медиумите од Италија пренесуваат дека „росонерите“ конечно му го раскинале договорот на Дивок Ориги, напаѓачот последниот настап во дресот на Милан го имаше во мај 2023 година.
Дивок Ориги како слободен играч се пресели на Сан Сиро летото во 2022, но зделката се покажа како големо промашување.
Веќе следното лето тој беше испратен на позајмица во Нотингем Форест, а откако и таму не се наметна, се врати во Милан и целосно го снема.
Тој не само што не играше, ниту пак тренираше со „росонерите“, но и покрај тоа, на неговата сметка секој месец стигнуваа над 300.000 евра, односно околу 4 милиони евра годишно.
По долги преговори и убедувања, двете страни постигнале согласност да ја прекинат соработката.
Во моментов не е јасно колку Милан му платил на Дивок Ориги да си оди, и колку пари ќе заштедат со овој потег – договорот на напаѓачот беше до 30. јуни 2026 година.