163
Во периодот кога речиси и да нема право на кикс, Милан падна во формата, денеска не успеа на свој терен да дојде до победа против Удинезе.
Пред крајот на првиот дел Пјонтек даде гол за водство на Милан од 1-0, но Лазања во 65. минута го изедначи резултатот на 1-1.
По овој меч Милан е на четвртата позиција со четири бода повеќе од петтиот Лацио но тие имаат и два натпревари повеќе, па судбината на Росонерите не е веќе во нивни раце како што беше до денешниот меч против Удинезе.