Милан ќе тргне по Хамес?!

by
1 минути читање

Според пишувањата
на „Кориере дело Спорт“, се вели дека во Милан сериозно ги разгледуваат сите
опции како алтернатива за Анхел Кореа од Атлетико Мадрид, напаѓачот за кој „Росонерите“
се сериозно заинтересирани.

Сепак, разликата
во преговорите помеѓу Атлетико Мадрид и Милан е од 10 до 15 милиони евра, се
шпекулира дека „Јорганџиите“ бараат 50 до 55 милиони евра за неговите услуги,
што веројатно ќе ги оддалечи „Росонерите“ од преговорите, кои веќе ги
разгледуваат алтернативните опции на пазарот.

„Кориере дело
Спорт“ додава дека во Милан се подготвуваат за доста неочекуван од јавноста,
потег, неофицијално, „Росонерите“ ќе тргнат по Хамес Родригез, фудбалерот од
средниот ред на Реал Мадрид кој подолг период беше поврзуван со трансфер во
Наполи.

Неизвесна е
судбината на Хамес во редовите на тимот од „Сантијаго Бернабеу“, иако постојат
најави од Шпанија дека Колумбиецот на крајот ќе остане во Реал Мадрид, а за тоа
дали би можел на крајот да заврши во Милан, останува да видиме во периодот кој
претстои.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×