Милан ќе купи само уште еден играч, кој ќе биде последното засилување за Монтела?

by
1 минути читање

Иако трансфер
пазарот официјално се отвори на 1. јули и ќе трае до почетокот на септември,
Милан најголемиот дел од работата ја заврши уште минатиот месец.

„Росонерите“ ги
купија Матео Мусакио, Франк Кеси, Рикардо Родригез, Андре Силва, Фабио Борини и
Хакан Чалханоглу.

Клубот од Сан
Сиро се поврзува со уште неколку играчи, како Лукас Бигља од Лацио, Никола
Калиниќ од Фиорентина и Андреа Конти од Аталанта.

Но две од овие
имиња ќе извисат, генералниот извршен директор Марко Фасоне вели дека Милан ќе купи
само уште еден играч, и потоа ќе се фокусираат на фудбалерите кои ќе треба да
заминат.

„Веќе потрошивме
околу 100 милиони евра на засилувања
– вели Фасоне.

„Се надевам дека
ќе купиме уште еден играч. Потоа ќе повлечеме линија и ќе работиме на кратење
на составот
.

Се верува дека
последното засилување ќе биде десниот бек на Аталанта, Андреа Конти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани