Милан ќе ја тестира верноста на Косиелни кон Арсенал

by
1 минути читање

Милан е заинтересиран за Косиелни и е подготвен да испрати понуда за најдобриот дефанзивец на Арсенал.

Росонерите под водство на новите сопственици се најактивниот клуб на трансфер пазарот, и не планираат да запрат со ангажман на нови играчи.

Нејасно е дали Косиелни има желба да го напушти Арсенал кој никако да создаде конкурентен тим за освојување на големите трофеи како Премиерлигата и Лигата на шампионите.

Претходно интерес за дефанзивецот имаше и од Марсеј, тогаш Косиелни не беше сигурен дали сака да замине.

„Имам договор со Арсенал, и во минатиот ноември потпишав договор до 2020 година. Добро ми е тука. Отсекогаш сум велел дека сум фан на Марсеј од мал. Кога таков клуб ќе ве контактира, тоа е добро. Но дали ќе потпишам за нив? Не знам“ – изјави тогаш Косиелни.

Неодлучната изјава на фудбалерот им дава надеж на заинтересираните клубови дека можат да го добијат францускиот дефанзивец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани