Милан ќе има трансфер буџет од само 50 милиони евра!?

by
1 минути читање

Инвеститори од
Кина конечно го купија Милан минатата недела, и беа најавени подобри времиња за
клубот од Сан Сиро.

Медиумите
најавуваа големи инвестиции во составот, и засилувања од типот на Алваро
Мората, Пјер Емерик Обамејанг и Александре Лаказет.

Но последните
извештаи велат дека фановите на Милан ќе треба уште малку да почекаат пред да
сонуваат за „бомби“ на трансфер пазарот.

Денешното издание
на Лего пишува дека „Росонерите“ летоска ќе имаат ограничен буџет за засилувања кој ќе изнесува само 50 милиони евра.

На оваа сума ќе
се придодат и сите пари добиени за играчите кои ќе заминат.

Карлос Бака ќе
биде ставен на продажба, и Милан се надева дека за напаѓачот ќе добие околу 25
милиони евра.

Исто така тука е Мбаје
Нианг, кој во јануари се пресели на позајмица во Ватфорд а клубот од
Премиерлигата летоска треба во целост да го откупи играчот за 18 милиони евра.

Па доколку оваа
сторија е вистинита, на новите лидери на клубот, генералниот извршен директор, Марко
Фасоне и спортскиот директор Масимо Мирабели ќе им треба имагинација, вештини и
малку среќа да создадат тим кој следната сезона ќе се бори за место во Лигата
на Шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани