Вчерашниот пораз од Болоња во финалето од Купот на Италија и дефинитивно му пресуди на Сержо Консеисао, тој го напушта клубот.
Од претходно беше јасно дека разделбата меѓу двете страни е блиску, но се чекаше куп разврската за дефинитивно да биде донесена одлуката.
Фабрицио Романо пишува дека Консеисао и дефнитивно заминува од Милан по крајот на сезоната.
Росонерите ќе влезат во потрага по нов тренер.
Консеисао имаше фантастичен почеток, го освои Суперкупот на Италија со Милан по што падна и неговото препознатливо славење со пурите во соблекувалната, но оттогаш следуваа само разочарувања кои кулминираа со поразот во купот.
Покрај Консеисасо, од клубот ќе замине и Жоао Феликс кој беше на позајмица, тој се враќа во Челси.