Денешното издание на Газета дело Спорт објави дека „росонерите“ ќе имаат трансфер буџет од околу 100 милиони евра, целта ќе биде да се донесе нов напаѓач, дефанзивец од средниот ред, централен дефанзивец и десен бек.
Милан ќе започне нов проект, се очекува наскоро Пауло Фонсека да биде именува за нов тренер на местото на Стефано Пиоли.
Тој веднаш на располагање ќе добие трансфер буџет од околу 100 милиони евра, пари со кои ќе се засилат четири позиции.
Целта на „росонерите“ е да се донесе нов напаѓач, дефанзивец од средниот ред, централен дефанзивец и десен бек.
Џошуа Зиркзе од Болоња е примарна цел за нападот, тој има откупна клаузула од околу 40 милиони евра.
За дефанзивец од средниот ред, приоритет е Јусуф Фофана од Монако, кој треба да чини околу 25 милиони евра.
Игор од Брајтон е желбата за засилување на срцето на одбраната, Бразилецот пред 12 месеци се пресели од Фиорентина во Премиерлигата во зделка вредна околу 17 милиони евра.
Емерсон Ројал од Тотнем е главен кандидат за позицијата десен бек, но во моментов Милан нема намера да плати 30 милиони евра, колку што бара Тотнем, клубот од Сан Сиро се надева дека цената на Бразилецот ќе падне во следните месеци.