Милан ќе го жртвува капитенот за да стигне до потписот на Абрахам?!

by bojan
1 минути читање
Давиде Калабриа

Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан би можел да го употреби капитенот Давиде Калабрија за да стигне до потписот на Тами Абрахам од Рома.

„Росонерите“ ова лето сакаат да ангажираат уште еден напаѓч, и во последно време се говори дека главна цел е Тами Абрахам.

Рома бара околу 25 милиони евра за продажба на Англичанецот, додека пак Милан се обидува да вметне играч во зделката за да ја намали сумата.

На маса биле ставени Јовиќ и Окафор, но „волчицата“ не сака ниту еден од двајцата фудбалери.

Последните информации велат дека Милан би можел да го жртвува капитенот Давиде Калабрија, кој е играч по мерак на Даниеле Де Роси.

Со пристигнувањето на Емерсон, Давиде Калабрија сигурно ќе има ограничена минутажа. Плус, неговиот договор е до јуни 2025, и доколку соработката не биде обновена, летово е право време за негова продажба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани