Оваа недела се
појавија гласини дека Адидас предвреме се повлекува од 10 годишниот договор со
Милан.
Производителот на
спортска опрема од Германија добил можност за прекин на соработката пред клубот
да биде продаден на инвеститорите од Кина и Адидас решил да ја искористи оваа
опција во јуни 2018.
Њу Баланс и Андер
Армор се споменуваа како можни наследници на Адидас, но последните извешати
велат дека Милан се одлучил за Пума, уште еден производител на спортска опрема
од Германија.
Сепак, финансиските услови за кои се говори се далеку полоши од договорот со
Адидас, медиумтие од Италија споменуваат сума помеѓу 10 и 15 милиони евра по сезона.
Доколку се работи за првата бројка, тоа е двојно помалку од она што Адидас го
плаќа во моментов, додека пак втората бројка на Милан му носи 5 милиони евра
помалку (договорот на Адидас е вреден 19,7 милиони евра по сезона).