Талентираниот голман е во центарот на вниманието откако преговорите за
продолжување на договорот тапкаат во место, па често се пишува за иднината на
Џиџо Донарума.
Мино Рајола инсистира да бидат вметнати одредени клаузули и тоа ги кочи
преговорите и покрај тоа што Италијанецот сака да остане на Сан
Сиро.
Медиумите пишуваат дека на Милан не му се допаѓа ваквото однесување на
агентот, па „Росонерите“ на голманот му поставиле неколку ултиматуми, и дури му се
заканиле дека постои можност следната сезона да ја преседи на трибина.
Последните информации велат дека Мино Рајола, кој минатото лето однесе
тројца клиент (Ибрахимовиќ, Мхитарјан и Погба) во Манчестер јунајтед, сака и Џиџо Донарума да заврши на Олд
Трафорд во нов мега трансфер.
Според Телеломбардија, Милан планира да покаже кој е главен и кој го има последниот збор, па работи на продажба на голманот на Реал Мадрид, наместо на Манчестер јунајтед.
За оваа цел веќе е остварен контакт со супер агентот Жорж Мендеш и
раководството на „Кралевите“.
Но сигурно Џиџо Донарума нема да има ништо против една ваква зделка, Реал
Мадрид е еден од најголемите клубови и секој играч сонува да го облече дресот
на „Кралевите“.
Веројатно и Манчестер јунајтед ќе биде задоволен со оглед на тоа дека
евентуален трансфер на Џиџо Донарума на Бернабеу ќе значи останување на Давид
Де Геа на Олд Трафорд.