Милан во шестата рунда на Лигата на шампионите ја совлада Црвена Звезда (2-1), а таа победа ја плати со две повреди.
За време на првото полувреме во само неколку минути тренерот Пауло Фонсека мораше да направи две принудни измени и тоа на две ѕвезди на тимот. Прво беше заменет Рубен Лофтус-Чик, 28-годишниот играч за врска кој се здоби со потешка повреда. Според првичните информации Лофтус-Чик има пукнување на мускулите во тетивата на коленото. Се очекуваат деталните прегледи, меѓутоа паузата нема да биде баш кратка.
Од друга страна, Алваро Мората заработи повреда на адукторот поради која ја заврши годината, ама се очекува да се врати на стартот на 2025 година.
Претходната седмица повреда заработи и Кристијан Пулишиќ, а недостигаат Бенасер, Флоренци и Јовиќ.