Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан опипува терен за ангажман на Адриен Рабио, фудбалерот од средниот ред е високо ценет од тренерот Макс Алегри.
„Росонерите“ ова лето направија реконструкција на средниот ред и ги ангажираа Ричи, Јашари и Модриќ.
Но до крајот на преодниот рок може да пристигне уште едно засилување за овој дел од тимот.
Медиумите од Италија објавија дека Милан опипува терен за изненадувачки трансфер и ангажман на Адриен Рабио.
Сето ова следи по скандалот во соблекувалната на Марсеј, каде еден од главните актери беше токму Адриен Рабио, кој имаше физичка пресметка со соиграчот Џонатан Роу по поразот од Рен во петокот.
Французинот е високо ценет од тренерот Макс Алегри, и ова може да биде клучен фактор за реализирање на трансферот. Како проблем се посочува високата плата на Адриен Рабио од околу 5 милиони евра по сезона.