Милан ја декласираше Шкендија, па капитенот Бонучи порача: Сега и Јуве ни се плаши!

by
2 минути читање

На Сан Сиро,
Милан ја декласираше Шкендија, и го испрати нашиот преставник со шест гола во
мрежата.

Овој дуел беше
прв официјален натпревар за Леонардо Бонучи во дресот на „росонерите“,
дефанзивецот истрча на теренот со капитенската лента на рака.

„Чуството беше
прекрасно, премногу емоции, особено на стартот
  – вели
Италијанецот.

„Малку се мачев
да го скршам мразот, но му благодарам на целиот тим за одлично завршената
работа, забележавме важна победа која ќе ни помогне да бидеме поспокојни
.

Пред почетокот на
средбата, Леонардо Бонучи ги собра соиграчите во круг и им одржа мал говор.

„Што има кажав?
Дека нема лесен противник, и дека на секој натпревар треба да излеме на теренот
и да ја заработиме победата. Но тие веќе го знаеа тоа
.

Запрашан за
коментарите на директорот на Јувентус, Бепе Марота, кој порача дека Милан им е
конкурент во трката за Скудетото, дефанзивецот вели: „Ова се зборови кои ме
прават среќен, тоа значи дека Јуве сега се плаши од нас
.

„Но не чека уште
многу напорна работа за да го стигнеме Јуве
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани