Милан испрати последна понуда за „кумановецот“ Јашари, одлуката е на Клуб Бриж!

by 24 фудбал
1 минути читање

Најголемата желба на Милан ова лето е Ардон Јашари, репрезентативецот на Швајцарија чии родители се по потекло од Куманово.

Сепак, Клуб Бриж се покажа како тежок преговарач и долго не им попушта на „росонерите“ и бара 40 милиони евра. Откако неколку понуди беа одбиени, сега последната на Милан е 35 милиони евра, плус уште неколку низ бонуси.

Спортскиот директор Игли Таре кажа дека за „росонерите“ ова е најдалеку што можат да одат за трансферот на Јашари, префрлајќи ја топката во дворот на Белгијците.

Доколку не ја прифатат понудата од Клуб Бриж, голема е веројатноста Милан да се откаже од преговорите, а „жртва“ ќе биде Јашари кому трансферот му е исполнување на детскиот сон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×