Милан испадна од ЛШ, виновникот е Тео Ернандез! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Милан одигра 1-1 на Сан Сиро против Феенорд и испадна од Лигата на шампионите, прстот е вперен во Тео Ернандез кој направи глупав потег и доби црвен картон.

Милан имаше фантастично отворање на мечот, по само неколку секунди игра Хименез постигна гол за водство на росонерите од 1-0.

Пред крајот на првото полувреме Ернандез сосема непотребно направи остар старт и доби жолт картон.

Милан доминираше и натпреварот изгледаше како росонерите во секој момент дека ќе постигнат втор погодок.

Но, по шест минути игра во второто полувреме Тео Ернандез се обиде да одглуми пенал, за што доби втор жолт картон и беше исклучен од игра. Бекот на Милан како да заборави дека не може да глуми во време на ВАР технологија, направи исклучително глупав потег кој ја промени играта.

Феенорд ја искористи предноста од фудбалер повеќе, даде гол преку Каранца во 73. минута, израмни на 1-1, потоа го сочува водството и на крајот заслужено се радуваше на осминафинале во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×