Избраниците на
Пиоли разочарани ќе си заминат од „Артемио Франки“, Милан имаше водство и играч
повеќе, но на крајот мораа да се задоволат со бод, а малку фалеше да останат и
со празни раце.
Во првиот дел,
Ребиќ имаше 100% шанса, а Ибра постигна фантатичен гол кој за жал беше поништен
со ВАР. Резултатот беше отворен на стартот од вториот дел, Касерес прими една
топка на гради и потоа ја остави мислејќи дека некој негов соиграч ќе расчисти,
но дефанзивецот само му асистираше на Ребиќ, кој погоди за 0-1.
Кратко потоа,
Далберт го собори Ибрахимовиќ во шанса за гол, па левиот бек доби црвен картон.
Но и со играч помалку, Фиорентина стигна до 1-1 со голот од пенал на Пулгар во
завршницата.
„Виолетовите“ имаа
прилика и да го шокираат Милан, Беговиќ го одбрани ударот на Киеза, а Влаховиќ
пропушти да ја смести одбиената топка во мрежата.