Милан има план „Б“ за да го убеди Донарума, првиот човек на клубот: Ќе чекаме, но не долго

by
2 минути читање

Младиот и
суперталентиран голман на Милан, 18 годишниот Џанлуиџи Донарума се реши да не
стави потпис на нов договор со клубот, актуелниот му истекува идното лето, тој
и натаму е во фокусот на вниманието на целата фудбалска јавност, па на оваа
тема се огласи Марко Фасоне, кој во најновата изјава дели дека клубот ќе чека
на пресвртница во овој случај, но не за долго.

Ние сеуште сме
во исчекување на промена на одлуката на Донарума. Сакаме на Монтела да му овозможиме
да има амбициозен и квалитетен тим за следната сезона, сеуште има време да ги
пополниме дупките во тимот и она што недостасува. Нема нови информации околу
Донарума, но ние сеуште имаме надеж, нема да ја изгубиме до последниот час, ќе
чекаме, но не долго. Можно е да имаме некои нови детали на 3. јули, можам да го
посочам тој датум како мошне важен за нас
“ изјави Марко Фасоне за клупскиот
канал на Милан на „
Youtube.

„Газета дело
Спорт“ открива дека Милан има план „Б“ да го убеди Донарума во преговорите,
тимот од Милано наводно има намера да го ангажира Антонио Донарума, братот на
Џанлуиџи кој моментално е голман на грчки Астерас, па тој би можел да биде втор
голман на калчолигашот.

26 годишниот Антонио има важечки договор со грчкиот клуб до 2019. година, на трансфер пазарот вреди скромни 600.000 евра, но останува отворено прашањето дали грчкиот клуб би можел да го уценува Милан, по кој се чини дека ова му е последна опција за да го убеди Донарума да потпише нов договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани