Милан има опција да го купи синот на Диего Симеоне

by
1 минути читање

Таткото тренер на Интер, синот напаѓач на Милан. За некоја година може да видиме една ваква ситуација доколку се остварат најавите на италијанските медиуми.

Синоќа Џенова комплетно го откупи Џовани Симеоне од Ривер Плата, но тој веројатно ќе остане во клубот само до крајот на сезоната.

Милан има опција да го купи во јуни и со оглед на потенцијалот кој го има синот на Диего, реално е да ја искористат таквата можност.

Диего Симеоне постојано се поврзува со тренерското столче на Интер и се чини дека само прашање на време е кога ќе се случи тоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани