Милан има ново име за засилување на одбраната, се договори со репрезентативец на Србија

by bojan
1 минути читање
Павловиќ

Според пишувањата на Газета дело Спорт, Милан сака да го ангажира Страхиња Павловиќ и веќе има договор со Србинот за плата од 1,5 милиони евра по сезона.

„Росонерите“ ова лето имаат поставено ангажман на нов дефанзивец како еден од приоритетите на трансфер пазарот, и директорите имаат неколку имиња во бележникот.

Како што пренесува денешното издание на Газета дело Спорт, Милан сака да го ангажира Страхиња Павловиќ.

Се говори дека Србинот дал зелено светло за пресела на Сан Сиро и прифатил плата од 1,5 милиони евра по сезона.

Милан сега ќе треба да пронајдат компромис со РБ Салцбург за висината на трансферот, се говори дека клубот од Австрија бара околу 20 милиони евра за продажба на дефанзивецот.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани