По најавите дека Кристофер Нкунку може да замине од „Сан Сиро“ во јануари, се појавија и информации за листата на Милан со неколку имиња како замена за Французинот.
Фенербахче сериозно загриза за Кристофер Нкунку и на маса стави примамлива понуда, па Милан размислува за продажба на напаѓачот кој пристигна на „Сан Сиро“ пред само шест месеци.
Во случај да падне дил помеѓу двете страни, „росонерите“ ќе треба да донесат нов напаѓач и во бележникот имаат неколку имиња.
Дарвин Нуњез од Ал Хилал и Жан Филип Матета од Кристал Палас се при врвот, но за нивен ангажман ќе биде потребна повисока сума.
Џошуа Зиркзе од Манчестер јунајтед исто така е опција, но тој ќе може да замине само во вториот дел на јануари, слично како и Мауро Икарди, кој во моментов е потребен на Галатасарај поради Афиканскиот куп на нации.
Перспективниот Рајан од Васко Да Гама исто така е помеѓу желбите, но тој има откупна клаузула од 80 милиони и повеќе игра на крилната позиција отколку во форот на нападот.