230
Се поизвесно е дека Расмус Хојлунд ќе го напушти Манчестер јунајтед ова лето, а големи се шансите дека ќе се врати во Серија А од каде што и отиде во Премиер лигата.
За поранешниот фудбалер на Аталанта имаше сериозен интерес од Милан, но сега во трката се приклучува и Наполи.
Трансфер плановите на Наполи се променија поради повредата на Лукаку кој најмалку три месеци ќе биде надвор од теренот. Веројатно ќе го пропушти целиот прв дел од сезоната.
Поради тоа Наполи сака да ангажира нов напаѓач во финишот од преодниот рок, а изборот паднал на Хојлунд.