229
Милан лошо ја почна новата сезона, притисокот врз Пауло Фонсека е голем, а росонерите и не треба многу да бараат нов тренер кога на платниот список уште го имаат Стефано Пиоли.
Поминаа само три кола, но веќе се тресе столчето на Фонсека, многу од фановите не се убедени дека тој е вистинското решение за тренер на Милан.
Милан му даде отказ на Пиоли, но тој уште е вработен кај нив. Договорот не е раскинат, му истекува во јуни 2025 година. Росонерите наместо да му исплатат обештетување, решиле да продолжат да му ја даваат платата.
Таквиот потег сега може да им биде од корист бидејќи ако му врачат отказ на Фонсека, можат да го прекомандуваат Пиоли на тренерската позиција.