Милан може да
добие големи засилувања во финалните денови од трансфер периодот, во Италија
пренесуваат дека „Росонерите“ во Мариано Диаз и Лука Јовиќ имаат две доста
интересни опции за засилување во својот состав.
Официјални
претставници на обата клуба веќе си подадоа рака по трансферот на Тео Ернандез
по успешните преговори, а сега на повидок е реализација нова зделка помеѓу Реал
Мадрид и Милан.
„Газета дело
Спорт“ објави дека во текот на финалната седмица од трансфер периодот е
предвидена уште една средба помеѓу претставниците на Реал Мадрид и Милан, а се
работи за можна преселба на Мариано или Јовиќ во Милано.
Повеќе медиуми во
шпанија веќе објавија дека Мариано е на излезна врата од „Сантијаго Бернабеу“,
освен што се споменуваат Бетис и Монако како заинтересирани клубови за неговиот
потпис, под будно око целата ситуација ја следи и Милан.
Од друга страна
пак, Јовиќ кој ова лето ги засили редовите на Реал Мадрид, се чини дека уште
веднаш ќе биде испратен на позајмица за да има минутажа, јасно е дека Зинедин
Зидан нема да го промени својот став во однос на Карим Бензема, кој и натаму ќе
биде незаменлив во нападот на „Кралевите“, па така српскиот напаѓач е исто така
опција за „Росонерите“.