Милан има договор за нов напаѓач, ама постои еден услов

by 24 фудбал
1 минути читање

Милан постигнал договор за ангажман на напаѓачот Жан Филип Матета, пренесуваат повеќе италијански извори.

„Росонерите“ се согласиле со Кристал Палас за трансфер вреден околу 30 милиони евра со вклучени бонуси, но реализацијата на зделката засега не е целосно извесна. Италијанскиот гигант има желба да го доведе францускиот напаѓач уште сега, во финишот од зимскиот преоден рок, меѓутоа англискиот клуб поставил јасен услов.

Кристал Палас ќе даде зелено светло за веднаш да се реализира трансферот само доколку успешно ги заврши преговорите за доведување на Јорген Странд Ларсен од Вулверхемптон како замена во нападот.

Доколку лондонскиот клуб не успее да обезбеди нов напаѓач во наредните денови, трансферот на Матета ќе биде одложен и ќе се реализира дури во летниот преоден рок. Во Милан се оптимисти дека ситуацијата ќе се разреши позитивно, но конечната одлука е во рацете на Кристал Палас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×