Милан има договор со тројца фудбалери, но преговорите со клубовите се друга приказна

by bojan
1 минути читање
Милан

Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан има договор со Страхиња Павловиќ, Јусуф Фофана и Лазар Самарџиќ, но никако да пронајде јазик со РБ Салцбург, Монако и Удинезе.

„Росонерите“ работат на нови засилувања по трансферот на Алваро Мората и сакаат што поскоро да ги донесат на Сан Сиро.

Шпекулациите велат дека Милан има договор со Страхиња Павловиќ, Јусуф Фофана и Лазар Самарџиќ, но преговорите со клубовите не го бележат посакуваниот прогрес.

Милан за услугите на Страхиња Павловиќ нуди околу 18 милиони евра, додека пак РБ Салцбург инсистира да добие околу 20 милиони евра.

Монако ја спушти цената на Јусуфа Фофана на 18 милиони евра, но последниот предлог на Милан е 12 милиони евра, плус бонуси.

Што се однесува до Лазар Самарџиќ, првиот предлог е вреден околу 15 милиони евра, но Удинезе сигурно ќе бара повеќе, во минатото одби и 25 милиони евра за услугите на фудбалерот од средниот ред.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани