239
Во Милан се свесни дека договорот на Мајк Мењан наскоро истекува и дека продолжување на соработката во моментов не е договорена. Францускиот голман веќе влезе во последната година од договорот па раководството веќе ја разгледува алтернативата.
Прва опција за „росонерите“ е јапонскиот голман Зион Сузуки од Парма, за кого Игли Таре има висока почит и смета дека може да биде вистински човек за иднината.
Дополнително, во Милан голема верба имаат и во младиот Торјани, кој се гледа како долгорочна инвестиција.
Сепак, и покрај сите сценарија, не треба целосно да се исклучи нов обид да се убеди Мењан да остане и да ја продолжи успешната приказна на „Сан Сиро“.