Милан им го претстави македонскиот вицепрвак на своите фанови: Шкендија има фудбалер кој постигна гол против Бонучи и Ромањоли

by
2 минути читање

Како што е
познато, ждребката посака Шкендија за противник во плејоф рундата од
квалификациите за Лига Европа да го добие Милен.

Тимот од Италија
на својот официјален клупски сајт во неколку реченици го опиша својот противник
во наредната фаз од квалификациите за Лига Европа.

Тимот од Тетово
за прв пат во својата клупска историја ќе се соочи со тим од Италија. Шкендија
моментално се наоѓа на 314. позиција на УЕФА ранг листата и веќе успешно мина
три пречки во Лига Европа, Дачија, Хелсинки и Тракаи. Како и да е, Шкендија
досега никогаш не успеала да се пласира во групната фаза. Во шампионатот на
Македонија, тимот на Шкендија заврши на второто место на два пати редослено, во
2011. година го подигна и шампионскиот пехар во тамошниот шампионат
“ пишува во
објавата.

Шкендија има
неколку интересни фудбалери, но пред се
би ги издвоиле Бесарт Ибраими и Ферхан Хасани, Хасани постигна гол против
Италија лани во октомври кога нашата селекција славеше со 2-3 во Скопје, на
истиот натпревар настап имаа Бонучи и Ромањоли
“ додава сајтот на Милан.


Голот на Хасани против Италија

 

Извор: acmilan.com

Фото-вест:
KF Shkendija (Facebook) 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани