Милан и Комо нема да играат во Австралија – росонерите треба да бараат ново место!

by riste
1 минути читање

Од Серија А минатата недела објавија дека нема пречки мечот меѓу Милан и Комо да се игра во Перт, Австралија, но ситуацијата брзо се промени.

Објавено е дека Австралија и официјално нема да биде домаќин на овој натпревар од Серија А.

Фудбалската асоцијација на Австралија издала нови барања кои биле неприфатливи за Италијанците по што тие се откажале.

Претходно беше откажан мечот меѓу Виљареал и Барселона кој требаше да се игра во САД. Но, тоа беше направено по притисок од навивачите.

Сега проблем за Милан е каде ќе го игра мечот со Комо. Тој треба да се одигра на 8 февруари, но тогаш Сан Сиро е зафатен со отворање на Зимските олимписки игри.

Росонерите ќе мора да најдат некоја алтернативна дестинација или мечот да биде преместен за друг датум.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×