328
Милан и Манчестер Јунајтед се договорија за финансиските услови и формата за трансфер на Расмус Хојлунд.
Според информациите, италијанскиот клуб понуди 6 милиони евра за позајмица, а ќе има клаузула за откуп од 45 милиони евра и целосно покривање на неговата плата. Сепак, засега нема зелено светло од страна на фудбалерот, кој и покрај тоа што не доби минути на последниот натпревар, инсистира да остане на „Олд Трафорд“.
Аморим со сигурност ќе го смета Бенјамин Шешко за прва опција во нападот, меѓутоа и Хојлунд сака да се бори за своето место.
Фото: Manchester United