Според информациите
кои ги пренесуваат дел од италијанските медиуми, се вели дека Милан и Интер
мошне активно се вклучени во битката за ангажман на напаѓачот на Фиорентина,
Никола Калиниќ.
Агентот на
напаѓачот, Рамадани во ист ден имал средба со претставници на обата клуба
поединечно. Истовремено, „калчомеркато“ известува дека на средбата со
претставниците на Интер, Рамадани им ја претставил идејата за Матија Насташиќ,
24 годишниот српски дефанзивец од
редовите на Шалке 04.
По средбата со
челниците на Интер, следела двочасовна средба со претставници на Милан, засега
нема информации кој води во трката за фудбалерот кој има важечки договор со
Фиорентина до 2019. година. 29 годишниот Хрват на трансфер пазарот има вредност
од околу 20 милиони евра (според трансфермаркет).
Фиорентина ќе
заработи многу на неговиот трансфер, веќе е се поизвесно дека Калиниќ летово ќе
се пресели во клуб, дека тимот од Фиренца направи одлична инвестиција во него
говори и фактот што само пред две сезони го ангажирање за сума од 7 милиони
евра, беше доведен од украински Дњипро.