Милан и Атлетико Мадрид не се договорија за Тео Ернандез, разликата е пет милиони

by riste
0 минути читање

Тео Ернандез нема да се пресели во Атлетико Мадрид, барем не како што сега стојат работите.

Преговорите меѓу двата клуба завршија неуспешно, Милан бараше 25 милиони евра, Атлетико Мадрид не сакаше да плати повеќе од 20 милиони евра.

Не попушти ниту еден од клубовите, ништо од овој трансфер за кој се чинеше дека е пред реализиација.

Не се исклучува можноста двата клуба да ги обноват преговорите, но засега нема информација за такво нешто.

Фото: X/Milan

Можно е и ова да ти се допаѓа

×