Милан со два погодока во судиското надоплнување успеа да слави против Парма со 3-2, Рајндерс и Чуквуезе донесоа голема радост за „росонерите“.
Милан беше на прагот на шокантен пораз, но со чудесен пресврт ги однесе трите бода во пресметакта со Парма.
Гостите поведоа со голот на Канчелиери во 24. минута, кој убаво биеше од врвот на шеснаесетникот за 0-1.
„Росонерите“ сепак се вратија во игра во 38. минута, Пулишиќ од пенал изедначи на 1-1.
Домаќините во второто полувреме силно притиснаа, но често грешеа и едно лошо додавање ги чинеше скапо во 80. минута, Дел Прато донесе водство од 1-2 за Парма.
И кога се чинеше дека Милан одново ќе ги разочара навивачите, Рајндерс изедначи на 2-2 во 92. минута, за Чуквуезе одлично да се снајде во 95. минута и да го изненади гостинскиот голман за 3-2 и огромна радост на Сан Сиро.