Милан го завршува трансфер пазарот со звучно име во нападот, пристигнува еден од овие тројца играчи

by
1 минути читање

Милан е главeн играч на трансфер пазарот до овој момент, клубот од Сан Сиро потроши преку 200 милиони евра на девет засилувања.

Леонардо Бонучи веројатно е трансферот на сезоната, но „Росонерите“ нема да се задоволат со ова, и сакаат да донесат звучно име во нападот.

Желби се Андреа Белоти од Торино, Алваро Мората од Реал Мадрид и Пјер Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд.

„Би било убаво доколку пристигне еден од Белоти, Мората и Обамејанг. Ќе видиме на кого ќе падне изборот“ – вели првиот човек на клубот, Марко Фасоне.

„Исто така на листата со желби има и имиња кои се уште не се нашле на насловните страни“.

„Јасно е дека се уште се обидуваме да го засилиме нападот со звучно име“.

Неколку весници од Италија денеска објавија дека Андреа Белоти од Торино е прва цел.

Популарниот „Петел“ веќе дал зелено светло за преселба на Сан Сиро, и Милан сега треба да се договори со Торино.

Првата понуда на „Росонерите“ била 40 милиони евра плус Габриел Палета и Мбаје Нианг, како и две годишна позајмица на талентираниот Мануел Локатели.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани