156
Во последните пет натпревари Милан доживеа три порази во Серија А по што се зголемија гласините дека Винченцо Монтела наскоро може да добие отказ.
Денеска „росонерите“ го загубија дербито против Рома со 2-0, а натпреварот го завршија и со играч помалку.
Мрежите мируваа се до 72. минута кога Џеко со удар од далечина и донесе водство на Рома од 1-0.
Само пет минути подоцна Флоренци начека една одбиена топка и ја смести во мрежата на Милан за конечни 2-0.
Во 80. минута Милан остана и со играч помалку откако Чалханоглу поради опасен старт врз Наинголан заработи втор жолт картон.
По репрезентативната пауза Милан го игра големото дерби против градскиот ривал Интер.