Милан го промовираше и третото ново засилување

by
1 минути читање

Милан го комплетираше трансферот на Рикардо Родригез од Волфсбург, швајцарскиот дефанзивец потпиша договор до 2021 година со „росонерите“.

„Потребни ни се играчи кои ќе покажат ентузијазам за овој дрес, затоа првата работа која ја правиме по медицинските тестови е тура во собата за трофеи“ – изјави директорот на Милан, Масимилијано Мирабељи.

Родригез е третото засилување за Милан оваа сезона, претходно потпишаа Матео Мусакио и Франк Кеси.

Рикардо Родгриез е 24-годишен швајцарски репрезентативец, игра како офанзивен лев бек и важи за добар нафрлувач.

Пред Волфсбург, Родригез настапувал за Цирих, клубот од кој и потекнува.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани