375
„Росонерите“ попладнево го потврдија трансферот на Кони Де Винтер од Џенова кој пристигнува како замена за Малик Чао, кој вчера потпиша за Њукасл.
Милан го продаде Малик Чао на Њукасл за 40 милиони евра, и како негова замена го донесе Кони Де Винтер од Џенова за двојно помалку, односно 20 милиони евра.
„Задоволни сме што можеме да го потврдиме трансферот на Кони Де Винтер од Џенова, кој стави потпис на договор со трајност до 30. јуни 2030 година“ – гласеше известувањето.
Дефанзивецот од Белгија минатото лето пристигна во Џенова од Јувентус, „бјанконерите“ ќе добијат дел од овој трансфер, се шпекулира со 20-25%, па и тие убаво ќе заработат од зделката.