83
Дизајнерите од „Адидас“
направија неколку промени во однос на претходниот дрес, пред се’ во делот на
ракавите и во пределот на рамената. Натписот на „Флај Емирејтс“ и натаму ќе
стои на истата позиција.
Токму напаѓачот
на тимот од Милано, 27 годишниот Џанлука Лападула ја имаше честа официјално да
им го претстави на фановите изгледот на дресот за наредната сезона.
Што се однесува
до претстојните предизвици на Милан во Италија во натпреварувачка смисла, „Росоњерите“
на две кола до крајот на Серија А, имаат пет бода негатива во однос на
петтопласираната Аталанта за место во Лига Европа следната сезона.