Милан го предупредува Донарума

by
1 минути читање

Јасно е дека доколку не беше агентот Мино Раиола, Донарума досега ќе потпишеше нов договор со Милан.

Мино Раиола важи за најалчниот агент, најомразениот кај клубовите, човекот кој може да им обезбеди вистинско богатство на своите клиенти и уште подобро да заработи тој самиот.

18-годишниот Донарума има договор со Милан до јуни 2018 и одбива да ја продолжи соработката за сума од 4,5 милиони евра годишно.

Милан е иритиран од однесувањето на Раиола и му испорачал ултиматум на Донарума да одбира помеѓу клубот и неговиот агент.

Во случај да не се откаже од Раиола, Донарума би можел да замине од Милан, а негова следна дестинација би била Манчестер јунајтед, но само доколку Де Геа потпише за Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани