Милан го потврди трансферот на Нкунку, Челси од вишокот играчи ова лето инкасираше 300+ милиони

by bojan
1 минути читање
Милан го официјализираше трансферот на Нкунку од Челси

„Росонерите“ го промовираа Кристофер Нкунку како ново засилување, Французинот стави потпис на петгодишен договор и се обврза кон Милан до јуни 2030.

Кристофер Нкунку е осмото засилување за Макс Алегри ова лето, напаѓачот пристигнува на „Сан Сиро“ од редовите на Челси во зделка вредна околу 37 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.

„Милан е задоволен што може да го соопшти трансферот на Кристофер Нкунку од Челси. Французинот стави потпис на договор со трајност до 30. јуни 2030“ – гласеше известувањето на „росонерите“.

За Челси, Кристофер Нкунку е дури 14-та продажба ова лето, „сините“ до овој момент прибараа преку 300 милиони евра од вишокот играчи, и тоа не сметајќи ги бонусите.

ФОТО: X/AC Milan

Можно е и ова да ти се допаѓа

×