Милан го потврди Консеисао но со едно изненадување

by bojan
1 минути читање
Консеисао

Милан и официјално го потврди ангажманот на Сержо Консеисао, но со едно изненадување, стратегот доби договор до јуни 2026 година.

„Росонерите“ за брзо време ја потврдија тренерската рокада, откако утрово беше потврден отказот на Пауло Фонсека, попладнево пристигна информација и за новиот предводник на првиот тим.

„Милан може да соопшто дека му укажа доверба на Сержо Консеисао да седне на тренерското столче на првиот тим на договор до 30. јуни 2026 година. Сакаме да му посакаме топло добредојде, и да му посакаме многу успех“ – гласи соопштението.

Единствено изненадување е тоа што Сержо Консеисао доби договор до 30. јуни 2026 а не до крајот на оваа сезона како што претходно се најавуваше.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани