Милан го потопи Сасуоло со четири гола надвор од шеснаесетникот, сите со лева нога (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По три нерешени
меча во низа, Милан стигна до цел плен. Вечерва на стадионот „Мапеи“
избраниците на Џенаро Гатузо ја забележаа првата победа на гости во Серија А
оваа сезона и со 4-1 го совладаа незгодниот Сасуоло.

Интересно, сите
погодоци на „Росонерите“ беа постигнат надвор од шеснаесетникот и со лева нога.

Гостите стигнаа
до водство кон финишот на првиот дел кога Кеси повлече од средината на теренот,
никој не го маркираше, па репрезентативецот на БСК од врвот на шеснаесетникот
погоди за 1-0.

На стартот од
вториот дел Сусо по пауза од 1728 минути се запиша во листата на стрелците во
Серија А. Шпанецот маестрално биеше во аголот за 2-0.

Потоа на сцена
стапи и летното засилување Кастиљехо, кој по еден час игра го постигна својот деби
погодок.

Ѓуричиќ во 68.
минута намали на 3-1, но тоа беше се што сторија домаќините. Во последната
минута од судиското надополнување, Сусо погоди уште еднаш за точка на
натпреварот и триумф на Милан од 4-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×