1,5K
Новинарот Фабрицио Романо објави дека Милан направил конкретен прогрес во намерата да го ангажира Самуеле Ричи од Торино како прво засилување за сезоната 2025/26.
Милан го пикирал Самуеле Ричи како топ засилување за сезоната 2025/26, како што пренесува Фабрицио Романо, направен е конкректен прогрес во обидите да се стигне до потписот на фудбалерот од средниот ред.
Преговорите со неговите агенти се во напредна фаза и се очекува во скоро време да падне договор за личните услови.
Се говори дека Торино за услугите на Самуеле Ричи ќе бара помеѓу 25 и 30 милиони евра.