Милан го објави составот за дуелите со Крајова, на него нема неколку од засилувањата

by
1 минути читање

Росонерите минатата сезона завршија на шестото место на табелата во Серија А, па за да се пласираат во групната фаза од Лига Европа ќе треба да поминат две квалификациски кола.

Првиот противник им е романската Крајова, Винченцо Монтела го објави составот за тој меч.

Од новите засилувања ќе ги нема Леонардо Бонучи и Лукас Биља бидејќи не биле навремено регистрирани.

Нема да игра ниту Хакан Чалханоглу кој има мала повреда и се уште не е фит за овие натпревари.

Но, во составот ќе бидат Конти, Кеси, Андре Силва, Мусакио, Родригез…

Составот на Милан за дуелите против Крајова: Абате, Антонели, Бонавентура, Борини, Калабрија, Конти, Кутроне, Џ. Донарума, А. Донарума, Гомез, Кеси, Локатели, Маури, Монтоливо, Мусакио, Нианг, Родригез, Сторари, Андре Силва, Запата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани