Милан го казни Кеси поради инцидентот со Биља?

by
1 минути читање

Новинската
агенција АНСА извести дека фудбалерот од средниот ред на Милан, Франк Кеси е
казнет од својот клуб поради инцидентот со својот соиграч Лукас Биља на дербито
со Интер во Серија А.

Оваа вест се уште
не е официјално потврдена, а се вели дека Кеси утрово имал разговори со челниците
на клубот од Милано, како и шефот на стручниот штаб на Росонерите, Џенаро Гатузо, каде и ја дознал казната која е од финансиски аспект.

АНСА известува
дека со казна се здобил и Биља, но нема никакви детали за тоа, а Скај Спорт
Италија додаде дека 22 годишниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска бил
казнет 40,000 евра поради горе наведениот инцидент.

Кеси и Биља заедно го објаснија срамниот инцидент и се извинија

Очекувањата се
Кеси да биде префрлен на клупата за резервни фудбалери за гостинскиот меч кај
Сампдорија во Серија А претстојниов викенд.

Доста тензично
беше во моментите кога Кеси го напушташе теренот на дербито со Интер, Биља беше
на клупата за резервни фудбалери и му дофрли некој збор кој сигурно не му се
допадна, а малку недостасуваше да има поголем инцидент од тоа што се случи, но,
обајцата потоа, заедно пред камерите јавно се извинија.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×