Милан го истури бесот врз Удинезе! (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Милан со убедливи 4-0 славеше на гостувањето кај Удинезе, црна точка на мечот беше повредата на голманот Мајк Мењан.

По лошиот период низ кој минува, Милан конечно дојде до една убедлива победа, цехот го плати Удинезе и тоа среде Удине.

Резултатот беше отворен во 42. минута кога Рафаел Леао постигна гол за водство на Милан од 1-0.

Само три минути подоцна Павловиќ реализираше со глава за водство на росонерите од 2-0.

Во 74. минута по една соло акција Тео Ернандез зголеми на 3-0, тука беа решени сите дилеми околу победникот.

А конечниот резултат од 4-0 за Милан го постави Рајндерс на десет минути пред крајот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани